Today It’s All About Jazz 2022 ќе се одржи во паркот „Ибни Пајко“

Оваа година, по шести пат, Здружението на џез музичари и слободни уметници - ЗЏМ Скопје, ќе го одржи настанот насловен Today It’s All About Jazz vol.6.  Манифестацијата ќе се одржи на 30 април – Меѓународниот ден на џезот, во паркот „Ибни Пајко,“ со почеток од 14 часот. 

На настанот кој ќе трае до доцните вечерни часови ќе настапат седум македонски џез состави, составени од џез музичари добро познати на публиката.  Во текот на целодневниот хепенинг ќе може да се проследат настапите на:

Џоле Грујовски - Resonance

Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски

SS Project

Off Ground Ensemble

Сашо Поповски

CuckooRack aka Bopers

Тони Китановски.

Со овој настан нашата земја се вбројува во 180те земји од светот кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот.  Во ноември 2011 година УНЕСКО официјално го одреди 30 април за Меѓународен ден на џезот, со цел да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето од сите страни на светот. Овој настан глобално е предводен од генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е и амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок.

„Музиката има моќ да нè обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување“, порачаа од ЗЏМ.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе