Тој не се предава, нема ни јас: Првата дама на рускиот отпор, Јулија Навални

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер и отворен критичар на Кремљ, Алексеј Навални, даде интервју и позираше за мартовскиот број на руското издание на списанието Harper's Bazaar.

Јулија се појавува на страниците на мартовското издание на познатото списание, во делот наречен Хероини, а дел од разговорот со неа е објавен на веб-страницата на Harper's Bazaar.

Одлуката на 44-годишната Русинка да се појави на страниците на престижно модно списание во неколку елегантни пози предизвика бура коментари во руските медиуми, кои нејзиниот храбар потег го опишаа како „сензација“.

„Тој не се предава, нема ни јас“, вели таа во интервјуто во кое најмногу зборува за нејзиниот сопруг.

„Му се восхитувам не само затоа што ми е сопруг, туку и затоа што го поддржувам во она што го прави, затоа што јас сум личноста која најдобро знае колку го чинеа во животот сите овие години“, изјави Јулија, која понекогаш ја нарекуваат „првата дама“ на рускиот отпор.

Откако преживе труење со нервен отров и се лекуваше во Германија, Алексеј Навални се врати во Русија кон средината на јануари, каде што веднаш беше уапсен. Тој беше осуден на неколку години затвор по обвинение за кршење на условната казна што ја доби за проневера од 2014 година.

Според Harper's Bazaar, Јулија го дала интервјуто во јануари, додека парот сè уште бил во Германија, а фотосесијата е направена во студио недалеку од Штутгарт.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе