Топлотниот бран убива работници низ Европа - синдикатите бесни, бараат нови правила

Гадење, несвестица, понекогаш и смрт - тековниот топлотен бран во Европа фрли светлина врз опасностите од екстремни температури за некои професии и ги натера синдикатите да бараат подобра заштита за работниците.

Градежните работници во работна облека работат на топол асфалт. Сезонските земјоделски работници обилно се потат во оранжерии. Некои се принудени да работат во магацини без клима...

Покрај тоа што е тежок за поднесување за сите жители, топлотниот бран стана неподнослив за одредени активности кои во последните денови беа одбележани со неколку трагедии во јужна Европа.

Низа смртни случаи

Во Шпанија, работник на 50-годишна возраст починал откако доживеал „топлотен удар“ додека работел во магацин во предградието на Мадрид во петокот. Според итните служби, неговата телесна температура била 42,9 кога дошле да му помогнат, бил во несвест и се грчел.

Минатиот викенд во Мадрид, додека работел починал и 60-годишен маж, ангажиран еден месец во компанија за одржување на патиштата, додека друг 58-годишен работник на истото работно место бил хоспитализиран во вторникот, откако не се чувствувал добро.

Во Италија на почетокот на јули двајца земјоделски работници на возраст од 20 и 57 години загинаа додека работеле на температури повисоки од 40 Целзиусови степени, објавија локалните медиуми.

Двата случаи предизвикаа дебата во Италија за работа на екстремни жештини, една година по смртта на 27-годишен сезонски работник од Мали, што поттикна неколку региони да ја забранат работата во најтоплиот дел од денот.

Синдикатите сметаат дека е повеќе од кога било потребно да се земат предвид температурите на кои работат работниците за да се избегнат трагедии, особено имајќи го предвид фактот дека метеоролозите предвидуваат дека топлотните бранови во Европа би можело да се удвојат до 2050 година.

Двата смртни случаи во Италија, како и оние во Мадрид, „никогаш не требаше да се случат“, рекоа двата главни шпански синдикати UGT и CCOO, повикувајќи да се намали изложеноста на работниците на високи температури.

„На Европа ѝ требаат пропишани максимални работни температури“, објави Европската конфедерација на синдикати на Twitter, повикувајќи да се престанува со работа кога е премногу топло.

Ваквиот пристап го брани и Европскиот синдикален институт, истражувачки центар во Брисел, кој во извештајот повика да се разгледа прогласувањето на „термичкиот стрес поврзан со метеоролошките услови“ за „професионален ризик“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе