Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Министерот Панче Тошковски оствари средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија. На средбите Тошковски ја изрази својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочи дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на Министерството во целост и во таа насока ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.

Од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес.

Од страна на раководителите, министерот беше запознаен со структурата и работата на синдикатите и беше изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување на партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на министерството.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе