ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Тотенхем го отпушти Конте

Премиерлигашот го загуби трпението со италијанскиот стратег и доцна синоќа ја прекина соработката, а на негово место до крајот на сезоната екипата ќе ја води Кристиан Стелини.

Антонио Конте и Тотенхем синоќа постигнаа договор за взаемно прекинување на соработката, една неделка откако Италијанецот упати критики кон клубот и играчите. Неговиот помошник Кристиан Стелини ќе ја доврши сезоната како предводник на Спарс од клупата. Стелини е помошник на Конте уште од времето кога овој го водеше Јувентус во 2011/2012, а потоа повторно му се придружи од сезоната 2019/2020 во Интер и оттогаш цело време е со него.

Конте се огласи откако Тотенхем испушти предност од два гола во ремито 3:3 на гостувањето кај последнопласираниот Саутемптон минатата сабота, нарекувајќи ги своите играчи „себични“ и доведувајќи го во прашање недостатокот на успех на Тотенхем во времето на Даниел Леви како претседател.

Леви и шефовите на клубот, наводно, побарале од него да ги разјасни тие коментари, очигледно инсистирајќи дека неговиот коментар „20 години и никогаш не освоиле нешто“ бил насочен кон играчите, а не кон неговите шефови.

Но, навидум позицијата на Конте стана неодржлива, а Спарс го потврдија заминувањето на Италијанецот во неделата, осум дена по неговиот јавен испад.

„Можеме да објавиме дека тренерот Антонио Конте го напушти клубот по заеднички договор“, се вели во соопштението на Спарс.

„Се пласиравме во Лигата на шампионите во првата сезона на Антонио во клубот. Му благодариме на Антонио за неговиот придонес и му посакуваме добро во иднина“.

„Кристиан Стелини ќе го преземе тимот како вршител на должноста тренер до крајот на сезоната, заедно со Рајан Мејсон како помошник главен тренер“.

URL

Конте веќе се чинеше дека ќе ги напушти Спарс во јуни кога неговиот договор требаше да истече.

Медиумските извештаи претходно месецов сугерираа дека ниту Конте ниту Спарс не сакаат да го продолжат договорот.

Навивачите долго време беа фрустрирани од брендот на фудбал што го воведе поранешниот предводник на Челси, а последните резултати само ја направија атмосферата потоксична.

Додека Конте отсуствуваше по операцијата на жолчното кесе, Спарс беа исфрлени од ФА купот од Чемпионшип тимот на Шефилд Јунајтед на 1 март, а една недела подоцна беа елиминирани од Лигата на шампионите по слабото реми 0:0 дома со Милан, кој претходно ги победи со 1:0 на „Меаца“.

Иако Спарс го совладаа Нотингем Форест со 3:1 на 11 март за да навестат залет, нивниот доцен колапс на „Сент Мери“ - проследен со невообичаениот гнев на Конте - беше последната капка што ја прели чашата.

Конте се разделува со Спарс сè уште цврсто во игра во трката за пласман во Лигата на шампионите, позициониран на четвртото место во Премиер лигата.

Сепак, Ливерпул и Њукасл Јунајтед –  заостануваат 7 и 2 бода, соодветно – имаат два натпревара помалку.

Поранешниот тренер на Спарс, Маурисио Почетино, е меѓу оние што се поврзуваат како наследник на Конте, додека Луис Енрике, Марко Силва и Јулиан Нагелсман - официјално отпуштен од Баерн во саботата - исто така се шушка дека се кандидати.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе