Трајанов: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите, оставка на Владата

„Бујар Османи, министер за надворешни работи, потврди дека за уставните промени крајниот рок не е ноември, како што цела година ги лажеа граѓаните, медиумите, парламентот, САД и другите наши партнери и поддржувачи. Тоа значи дека нема формално започнување на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите“, вели претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

„Година дена Ковачевски, Маричиќ и Османи лажеа, манипулираа и вршеа невиден притисок за уставни промени и вградување на Бугарите во Уставот, како предуслов за започнување на преговорите со ЕУ, како единствен предуслов, но Бујар Османи јавно призна дека рокот е до крајот на мандатот на оваа Влада, односно до јуни 2024 година.

Сосема е јасно дека блокадата за ЕУ, не ја прават граѓаните и опозицијата, туку Владата“, пишува Трајанов.

„Османи ги знае најавите од некои земји-членки на ЕУ, дека и по уставните промени нема согласност за почеток на преговорите и отворање на кластерите, поради организираниот криминал и корупцијата, поради некредибилниот и корумпиран судски систем, поради невладеењето на правото и партизацијата, како и поради отсуството на реформи и резултати.

После ваквото фијаско, единствено што преостанува е одговорност, оставка на Владата и предвремени парламентарни избори.

Господине Ковачевски, ако продолжите и натаму со оваа агонија, да инсистирате уште некој ден да бидете на власт, Вие ја преземате одговорноста за блокадата на евроинтеграциите и хаосот во кој ќе ја вовлечете државата. Мој совет Ви е, поднесете оставка!“, додава Трајанов во соопштението.

реклама

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Read more

Силувана малолетничка во Скопско

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Македонија

Почнува постапката за кандидирање за претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори

Read more

Четворица обвинети за грабнување и свирепо убиство на Вања и Панче, продолжува истрагата за Палчо и за возачот

Read more

Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Read more

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Read more
 

Вести

Дали Доналд Трамп може да биде претседател иако е осуден?

Читај повеќе

Како африканското злато, вредно десетици милијарди долари, завршува во Емиратите?

Читај повеќе

Почнува постапката за кандидирање за претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Следете во живо: Вулканот на Исланд почна да исфрла лава

Читај повеќе

Четворица обвинети за грабнување и свирепо убиство на Вања и Панче, продолжува истрагата за Палчо и за возачот

Читај повеќе

Се чека ДНК анализата во истрагата за убиството на малата Данка

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Читај повеќе

Под мотото „Борба. Не војна!“ синоќа беше отворен 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Шпанија го прекина прогонот на каталонските сепаратисти

Читај повеќе