Трамп објавува докази за изборна измама

Американскиот претседател Доналд Трамп го победи новоизбраниот претседател Џо Бајден на Алјаска, пренесува Reuters.

Републиканецот Трамп сè уште не признал пораз на претседателските избори четири дена откако Edison Research соопшти дека Бајден ги надминал 270-те гласови од Изборниот колеџ потребни за преземање на претседателското место.

Трите гласа од Алјаска се Пирова победа за Трамп – нема да го променат резултатот од изборите на 3 ноември, пренесува Reuters.

Според проекцијата на CNN, Бајден освои 279 изборни гласови, а Трамп 217.

Џорџија повторно брои, Аризона и С. Каролина сè уште бројат

Во сојузната држава Џорџија, сите гласачки ливчиња повторно ќе бидат преброени, објави вчера државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер.

Тој рече дека сите гласови повторно ќе бидат преброени рачно, бидејќи разликите се многу мали, и дека пребројувањето ќе започне пред крајот на неделава, пренесува Reuters.

Победата во Џорџија носи 16 изборни гласови.

Останува да се избројат гласовите во Аризона и Северна Каролина, каде беа преброени 98 проценти од гласовите.

Засега, во Аризона, која носи 11 изборни гласови, Џо Бајден води со 49,4, наспроти Доналд Трамп, кој во моментов има 49 проценти од гласовите.

Во Северна Каролина, Трамп води со 50 проценти од гласовите, Бајден има 48,7, а победата во таа земја носи 15 изборни гласови.

Докази за измама

Доналд Трамп објави видео на кое се гледаат мажи, кои не носат никаква униформа, како од поштенски сандачиња вадат писма наводно со гласачки ливчиња и ги пакуваат во црни вреќи.

„Ова што го гледате се гласачки ливчиња. Зарем на ова ни се сведе државата?“, напиша Трамп на Twitter.

Remote video URL

Според досега пребројаните гласови на претседателските избори, Трамп загуби од демократскиот кандидат Џо Бајден.

Трамп не ги прифаќа изборните резултати и веќе поднесе жалби во неколку сојузни држави, па судот ќе донесе одлука за гласањето.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе