Трамп со закани до земјите „деликвенти“, Столтенберг не му преќути

Повеќето од 31 членка на НАТО алијансата не издвојуваат 2% од својот БДП за одбрана и повторно се најдоа на мета на критики и закани од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Politico пишува дека има јасен тренд на полнење на одбранбените буџети на членките на НАТО - колку е земјата поблиску до Русија, толку повеќе издвојува за одбраната. Во проценките на списанието за 2023 година, Полска води на листата со четири отсто од БДП наменети за одбраната.

Варшава за оваа минатата година издвои 29 милијарди долари, што е за 12 милијарди повеќе од претходната година и три пати повеќе во споредба со минатата деценија, пишува The Washington Post.

По Полска, следат САД со 3,5 отсто од БДП, но кога се гледаат вкупните износи, Вашингтон издвојува повеќе од сите други членки на НАТО заедно – 860 милијарди долари.

Целта од 2 отсто од БДП за одбраната досега ја исполнија 11 земји – Полска, САД, Грција, Естонија, Литванија, Финска, Романија, Унгарија, Латвија, Обединетото Кралство и Словачка. Од денеска им се приклучи и Германија, чиј министер за одбрана ја соопшти веста. Тоа е првпат по Студената војна Германија да издвои 2% од БДП за одбраната.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во средата изјави дека 18 земји ќе ја исполнат таа цел оваа година.

Целта од два проценти, поставена меѓу членките на НАТО пред две децении, не е задолжителна, туку се смета за упатство.

Така не мисли поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој за време на неговиот мандат се закануваше дека ќе ги повлече САД од алијансата доколку другите членки не му ги платат трошоците. Трамп, најверојатно републиканскиот кандидат за изборите во ноември годинава, повторно им се заканува на сојузниците.

Тој се закани дека нема да ги штити тие земји, кои ги нарекува „деликвенти“, доколку бидат нападнати. Напротив, тој рече дека ќе ја охрабри Русија „да им прави што по ѓаволите сака“.

Сепак, проценките на американските медиуми сè уште покажуваат дека сите држави што граничат со Украина и Русија и затоа се нејзини потенцијални цели издвојуваат повеќе од потребните два проценти.

Најмалку издвојуваат Луксембург (0,7), Белгија (1,1), Шпанија и Турција (1,3 отсто).

Столтенберг му испрати порака на Трамп

Во изминатите 75 години, НАТО можеше да спречи воен напад врз која било од своите членки благодарение на јасната комуникација дека Алијансата е таму за да ги брани своите членки, и затоа секоја сугестија дека нема да се заштитиме едни со други ја поткопува безбедноста на сите ние, рече денеска генералниот секретар на НАТО и Јенс Столтенберг.

„Целта на НАТО е да спречи војна, да го зачува мирот, да спречи напади врз сојузничките земји и тоа го правевме со децении затоа што нашата моќ на одвраќање беше веродостојна. Затоа, секоја сугестија дека нема да се заштитиме меѓусебно ја поткопува безбедноста на сите нас и ги зголемува ризиците“, рече Столтенберг на прес-конференција по прашањето за коментар за неодамнешните изјави на веројатниот републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп.

Столтенберг рече дека неговата порака до Трамп е дека кредибилитетот на силите за одвраќање на НАТО не треба да се поткопува.

„Ова важи и за способностите во кои инвестираме, но и за начинот на кој комуницираме бидејќи нашите противници ја имаат на ум нашата моќ за одвраќање. Не треба да оставиме простор за погрешни пресметки или недоразбирање во Москва за нашата подготвеност, посветеност и решителност да ги заштитиме сите сојузници“, рече генералниот секретар.

Столтенберг го повтори главниот принцип на кој почива НАТО, а тоа е дека нападот врз една членка носи одговор од целата Алијанса.

„Сè додека стоиме заедно зад оваа порака, спречуваме каков било напад врз еден од нашите членови. Затоа, важно е ова јасно да го пренесеме со зборови и дела“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека денес нема непосредна закана за сојузниците во НАТО поради оваа одредба и затоа што Алијансата значително ја зголемила својата колективна одбрана од 2014 година.

Тој рече дека тоа е поттикнато од руската нелегална анексија на Крим.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи силно да ја поддржува Украина, ја поздрави одлуката на ЕУ за пакетот помош од 50 милијарди евра и го повика американскиот Конгрес исто така да ја одобри помошта.

„Тоа не е милостина, тоа е инвестиција во нашата безбедност“, рече генералниот секретар.

Главна тема на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО е натамошната поддршка на украинските воени напори и распределбата за одбраната. Земјите-членки поставија цел да издвојат минимум 2 отсто од својот БДП за трошоците за одбрана

Денеска попладне ќе има состанок на контакт групата за Украина, која обединува повеќе од 50 земји под водство на САД. Дел од учесниците ќе бидат физички присутни, а дел ќе учествуваат на средбата преку видеоврска.

В четврток Северноатлантскиот совет се состанува на ниво на министри за одбрана, а потоа и Советот НАТО-Украина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе