Трансфер бомба: Некој го сака Нејмар

Иако одамна не постои клуб кој сериозно ја разгледува можноста во својот тим да го доведе Бразилецот Нејмар, сепак ESPN дознава дека конечно се појавил тим кој сака да го доведе во своите редови.

Се работи, ако воопшто е изненадување, за Челси и нивниот нов сопственик Тод Боли.

ESPN дознава дека Тод Боли и претседателот на ПСЖ Насер ал Хелаифи имале тајна средба во Париз и дека разговарале за потенцијалниот трансфер на Нејмар во Лондон, но сепак не откриле како се ќе биде спроведено.

Нејмар долго време е на мета и на челниците на ПСЖ и на навивачите поради неговото многу непрофесионално однесување и односи надвор од теренот, а неодамна француските медиуми објавија дека последните проблеми што ги направи ќе му ја завршат кариерата во Париз и дека клубот ќе се ослободи од него по секоја цена за време на летниот преоден рок.

URL

Сепак, постоеше голем сомнеж за ваквите наводи бидејќи никој не сака да го ангажира Нејмар со години во својот клуб, и поради финансиските барања и поради опасноста да ја расипе атмосферата во соблекувалната, но тоа очигледно не е проблем за Челси, клуб кој по доаѓањето на новиот сопственик носи и купува играчи „како на лента“.

Иако деталите од трансферот не се објавени, француските медиуми пишуваат дека Челси за услугите на Нејмар би можел да плати отштета од 60 милиони евра.

Во оваа сезона Нејмар одигра вкупно 28 натпревари на кои постигна 17 голови и забележа 16 асистенции што сепак покажува дека е во добра форма.

Нејмар во ПСЖ пристигна од Барселона во трансфер вреден 222 милиони евра, а потоа, потсетуваме, парите што ги доби од државата Катар за спонзорирање на СП 2022 ги искористи за да отиде во просториите на Барселона и со тие пари си го откупи договорот, односно стана слободен играч.

Тагови
реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе