Тренчевска: Родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој во едно општество

Родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој во едно општество и само ако секој од нас има еднакви права и еднаков пристап до тие загарантирани права во сите сфери од  општеството, само тогаш можеме сите заедно да одиме напред. Но, заложбите за постигнување на одредени општествени вредности секогаш даваат плод кога се работи на едукација на јавноста и подигнување на свеста на различни целни групи, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата - жени во белиот мантил“.

Дискусијата беше дел од кампањата која првпат ја организира Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“.

- Мора да признаеме дека секогаш кога се споменува здравството и здравствените работници  тоа е најчесто во конотација на тоа дека вие имате законска обврска да се грижите  за болните и за пациентите и да ја дадете својата безрезервна поддршка во вашата работа со нив, но императив е вие пред се да ги остварите своите права, пред се преку обезбедување на безбедна работна средина за себе и за своите соработници, а тоа значи елиминирање на секаков вид на вознемирување на работно место, родово базирано насилство, мобинг, сексизам и слични облици на дискриминација и насилство кои не смеат да се толерираат, нагласи министерката.

Таа рече дека Законот за спречување и заштита од дискриминација од 2020 година. што го подготви Министерството за труд и социјална политика во соработка со сите одговорни институции, е донесен со цел обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи на сите граѓани.

- Овој закон се применува и во областа на здравството и здравственото осигурување, но многу поважно е дека истиот Закон ви овозможува и вас пристап до остварување на заштита од потенцијална дискриминација, која може да биде двојна, па и тројна, со оглед на тоа дека сте жени. Согласно овој закон формирана е Комисија за спречување и заштита од дискриминација која е одговорна за постапување согласно овој закон и докажување на евентуална дискриминација по основите утврдени во овој закон како што се  раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа, истакна министерката пред присутните.

Таа ги охрабри присутните да бидат гласни и храбри и да го пријават секој облик на потенцијална дискриминација, вознемирувања и обиди за насилство.

Пред присутните на прашање за каква било форма на насилство врз здравствените работници, говореше и Тања Трајковска, дипломирана акушерка.

- На нашата клиника каде што е интензивната нега за недоносени деца, секојдневно сме сведоци на такви настани, каде што родителите се вознемирени околу тоа што се случува со нивното бебе, така што секојдневно може да се случи да се соочиме и со повишен тон, расправија, па треба да бидеме малку и психолози, да ја смириме топката, да поразговараме со нив, да објасниме што се случува. А тоа најчесто се случува заради тоа што не се подготвени, нагласи таа.

Притоа таа појасни дека секоја жена којашто ќе забремени, очекува на крај да донесе здраво право бебе, но одеднаш се случува нешто да тргне наопаку - бебето да се роди предвреме, па да доаѓа во инкубатор, на машина за дишење и со сите цевчиња што влегуваат и излегуваат од него, на родителите да им дава страшна слика.

- Никој не би сакал да се најде на местото на тие родители. Ние ги разбираме дека е тоа чувствителна тема и чувствителен момент. Затоа и правиме чекор назад и ги оставаме да се смират, да поразговараме на некој начин. Инаку навистина е секојдневие, особено таму каде што треба да соопштиме лоша вест, потенцира Трајковска.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more
 

Вести

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе