Трет и последен ден расправа за Предлог-законот за попис, се очекува гласање до крајот на денот

Во Собранието трет ден се води расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија. И третиот ден од расправата, како и претходните два дена, изминаа со спротивставените ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, главно околу тоа дали на земјава токму оваа година ѝ е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

Пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да спречи одржување на попис согласно меѓународните стандарди и практики.

– Целосно е нејасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат за законот, освен ако целта не им е намерно да го проблематизираат одржувањето на пописот со цел државата и натаму да нема податоци кои се важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии, рече Тасевска.

Таа потенцира дека државата веќе 19 години е без попис, а последниот попис во 2011 година не успеал токму поради „неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Денес оваа партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција. Во Собранието, пред нас пратениците е законот за попис на населението, закон со кој се отвора простор оваа пролет да спроведеме попис согласно меѓународните стандарди, согласно прописите на Евростат. СДСМ има договор со граѓаните да спроведе попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци, нагласи Тасевска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски рече дека се работи за лош закон, кој остава простор за манипулација и е контрадикторен.

– Трет ден апелираме овој закон да се повлече, да се даде на доработка, за да донесеме еден издржан закон за попис, кој ќе биде донесен со широк општествен консензус, истакна Велјановски.

Пратеничката на ДУИ Арта Биљали-Зендели рече дека законот е подготвен со почитување на меѓународните стандарди и врз основа на препораките на ОН. Таа истакна дека во развиените држави граѓаните се повикуваат да учествуваат во пописот, а не на бојкот.

– Граѓаните треба да бидат вклучени во процесот на пописот, а не да се повикуваат на бојкот пред да почне тој. Според регулативата 763/2008, периодичните податоци на граѓаните се релевантни и битни за развојните програми, рече Биљали-Зендели.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи ѝ на пратеничката Биљали-Зендели, истакнаа дека не повикуваат на бојкот, туку бараат повлекување на законот и негова доработка. Тие тврдат дека со пописот ќе се попишуваат граѓани кои не живеат во државата, а со тоа, според нив, ќе се дадат погрешни резултати, со што погрешно ќе се планираат и распределуваат инвестициите за развојот на различните региони.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза до 15 и 30 часот. Тој рече дека расправата ќе продолжи до исцрпување на дебатата. За говор се пријавени уште осум дискутанти и се очекува до крајот на денов пратениците да гласаат за усвојување на Законот. 

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Македонија

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Read more

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Read more

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Read more
 

Вести

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, повеќе од 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе