Три датуми во април ќе бидат среќни за сите хороскопски знаци

Ако се прашувате што велат ѕвездите за среќата во април, ситуацијата не е воопшто лоша.

Астролозите го проучувале и анализирале месецот што е пред нас и велат дека во април може да очекуваме три особено среќни и поволни денови од кои секој хороскопски знак може да има корист.

Важно е само да препознаете добра можност и потоа да ја искористите. За почеток, фокусирајте се на овие датуми во април и означете ги некако во вашиот планер, календар, телефон.

4 април

Се работи за, како што велат астролозите, „датумско огледало“ бидејќи во него имаме две четворки, а бројот 4 во нумерологијата ги претставува четирите елементи - земја, вода, оган и воздух.

На тој ден важно е да посветите посебно внимание на сѐ што е итно во вашиот живот. Исто така, времето е погодно за купување и запознавање нови луѓе, било во живо или онлајн. Важно е дополнително да се посветите на семејството, пријателите, односно на сите драги луѓе кои ви го подобруваат секојдневието. На крајот од денот, дајте си пристоен одмор и опуштете се.

14 април

Ова е датум кој најавува хармонија и треба да се искористи. Периодот е добар за да паузирате и да размислите за целите во животот кон кои би требало да се движите. Некои работи ќе ви се искристализираат, подобро ќе ја разберете вашата цел и какви вештини поседувате, за кои можеби до сега не сте биле свесни. Ќе ја почувствувате потребната сила за нов почеток и завршување на некои заостанати работи и дефинитивно треба да го искористите тоа.

Дополнително, тој ден можеби ќе слушнете некои критики, но немојте веднаш да заземете позиција да се расправате, туку размислете за тоа - конструктивна критика е таа што ќе ви го олесни животот. Земете совет од луѓе за кои знаете дека се грижат за вас.

22 април

Будење позитивна енергија, оптимизам кај луѓето и поголема љубезност што ја покажуваат еден кон друг. Максимумот од таа позитивна енергија ќе се почувствува во ноќта од 22 до 23 април, а целиот 22 април ќе биде многу поволен за чистење на умот од сето негативно што со текот на времето се наталожило.

Време е да се откажете од сѐ што ве кочи и што ве обесхрабрува. Најдете ја силата во себе и одете храбро кон целта што си ја поставивте. Исто така, имајте на ум дека ќе бидете поуспешни во сѐ ако покажете малку повеќе добрина и топлина кон другите луѓе.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе