Три медицински сестри од штипската болница ставени во изолација

Три медицински сестри од одделенијата за анестезиологија, хирургија и хирушки сали од штипската Клиничка болница од денеска се во изолација. Директорот на Клиничка болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека изолирањето на трите медицински сестри доаѓа по направената епидемиолошката анкета на лекарот и болничарката, кои работеле на Инфективното одделение.

– Трите медицински сестри имале контакти со заразениот лекар од Неврохирургија, кој беше анагажиран во системот за ротации за работа на Инфективното одделение. Од вчера во изолација е и неговиот колега од ова одделение, вели Ѓеорѓијев.

Останува и понатаму проблемот со недостиг на инфектолози. Во моментов на одделението, кое е од регионален карактер, работат само двајца инфектолози, а третиот е на боледување. Но, како што вели Ѓеорѓијев, проблемите ги надминуваат со ангажирање на лекарите специјалисти од другите одделенија, кои им помагаат на инфектолозите.

Во врска со состојбата со коронавирусот во Затворот во Штип, таму деветтмината изолирани осуденици до денеска немаат појавено симптоми, нивната состојба во моментов ја следи медицинскиот техничар, а лекарот го чека резултатот од тестирањето, кој бил во контакт со заразениот осуденик. Доколку тестот на лекарот се покаже позитивен, во тој случај директорот на Затворот во Штип, Мики Тодоров вели дека од страна на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ - Штип треба да се анагажира друг лекар, кој ќе се грижи за здравјето на осудените лица. Направена е и реорганизација во самиот затвор, по вчерашниот прв позитивен случај на коронавирус кај осуденик.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе