Три начини за борба против дигиталниот умор

Поради пандемијата со коронавирусот, многумина работат од дома, а работното време често трае и подолго од вообичаеното. Поради тоа, многумина не се двојат од мобилните и од компјутерите, па живеат живот во кој нема јасни граници меѓу приватниот и професионалниот живот.

Долгорочно, ваквиот начин на живот може да доведе до низа здравствени проблеми, па меѓу останатото, потребно е да се ослободиме од дигиталниот умор.

Постојат три едноставни начини за тоа:

1. Научете да се исклучите

Откако ќе завршите со работата, научете да направите дигитална пауза од сите уреди. Фокусирајте се на нешто што уживате да го правите како читање книги, слушање музика, дружење со децата и слично.

2. Фокусирајте се на една задача

Новите истражувања покажуваат дека мултитаскинг не е најдобриот начин за постигнување продуктивност, иако ви се чини дека сте професионалец ако вршите неколку работи истовремено, во реалноста не е така и вашата продуктивност опаѓа. Поради долгото работно време и постојаното користење повеќе уреди за вршење задачи, тешко се концентрирате.

Дури и се јавуваат проблеми во присетувањето на задачите што треба да бидат извршени во текот на денот.

3. Не го заборавајте реалниот свет

Дигиталниот свет е модерен и многу работи може да се направат со допир на едно копче, но, реалниот, физичкиот свет нè поврзува и носи задоволство, чувство на припадност и поврзаност. Дури и во најгустиот распоред, треба да најдете време за одмор или размрдување. Дури и прошетка од 20 минути ќе ги опушти телото  и умот. Исто така, не заборавајте да комуницирате со пријателите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе