Трикови со кои работодавачите ве проверуваат при интервју за работа

Изгледа дека кратката биографија на кандидатите одбрани за интервју не им е доволна на потенцијалните работодавачи. Затоа се служат со различни трикови за да увидат дали кандидатот е вреден да стане дел од нивниот тим.

Овој тест од седум ситуации владее во кругот на работодавачите, а толку е прикриен што кандидатот не го ни забележува.

Дали знаевте дека понудата за чај или кафе може да се толкува како дел од интервју?

1.Постои причина зошто ви нудат кафе

Во последно време тестот „шолја кафе“ е прилично популарен меѓу работодавачите. На почетокот од разговорот, шефот го одведува кандидатот во кујна и му нуди шолја кафе. По разговорот работодавачот внимателно набљудува што прави кандидатот со шолјата кафе, дали ќе праша каде треба да ја стави, дали само ќе ја остави на масата или пак ќе се понуди да ја измие во кујната.

Шефот на софтверската компанија Xero, Трент Инес, кој ја создаде оваа метода, вели дека триков повеќе говори за карактерот на личноста и нејзините манири отколку одговорите на прашањата од интервјуто. Исто така, може да покаже колку брзо кандидатот ќе се вклопи во тимот.

Во овој случај, најдобрата одлука е самиот да оди во кујна и да ја измие шолјата.

2. Шефот намерно ве остава да чекате

Во реалноста, тестот „шолја кафе“ е невин трик. Ситуацијата може да биде многу потешка ако интервјуто биде закажано во 9 часот наутро, но кога кандидатот дојде порано во канцеларија, работодавачот е зафатен и другиот мора да почека 10 минути. А, потоа уште 15.

Овој трик може да покаже дали кандидатот е емоционално стабилен во стресни ситуации и колку многу сака да ја добие понудената позиција.

3. Оној кој го води интервјуто одеднаш почне да вика

Повишување на гласот, викање, па дури и користење на навредливи зборови е уште еден начин на обликување стресни ситуации и можност да се провери способноста на кандидатот, дали умее да даде отпор на стресот.

Експертите советуваат да останете смирени и одговорите на тие прашања колку што можете посталожено.

4. Лицето кое го води интервјуто постави чудно барање и бара од вас да скокнете од прозорец

Уште едно непријатно изненадување за кандидатот. Во случајов, работодавачот сака да види дали кандидатот има способност да размислува „надвор од рамката“. Најдобрата ситуација што може да ја приредите е потенцијалниот шеф да го прашате „Каква корист ќе има вашата компанија од мојот скок?“

5. Работодавачот одеднаш почне чудно да се однесува

Може да се случи среде разговор за работа работодавачот да се замисли и загледа во компјутерот или без објаснување да ја напушти просторијата или да се јави на телефонски повик.

Во такви ситуации најдобро е кандидатот да побара интервјуто да се одложи за друг ден.

6. Кандидатот се запознава со целиот тим

Можно е шефот да му понуди прилика на кандидатот да комуницира со своите потенцијални колеги по разговорот. Тоа може да биде во канцеларија или по работа. Ова не е едноставен пристоен гест, туку начин со кој работодавачот може да го дознае мислењето на своите вработени за кандидатот.

7. На шефот „случајно“ му паѓа пенкало на подот

Уште еден тест што може да му помогне на работодавачот да забележи реактивни и добронамерни кандидати е фрлањето пенкало на подот и набљудување на реакцијата на кандидатот. Ако тој инстинктивно се наведен да го крене пенкалото, веројатно и ќе ја добие работата.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе