Трошоците се помали на лизинг, рече Битиќи за набавката на 45 нови возила на Владата

Владата повторно ќе набавува нови возила на лизинг преку Службата за општи и заеднички работи, а вицепремиерот Фатмир Битиќи не гледа ништо спорно што се набавуваат во изборен процес ниту, пак, зошто повторно СОЗР се одлучил на оперативен лизинг, а не да купува возила.

„Прашањето не треба да биде насочено кон мене, има служби што одлучуваат на ефикасен начин. Треба да ги прашате во Службата за општи и заеднички работи, тие одлучуваат што е најбезбедно за да се превезуваат функционерите. Од моето искуство надвор од политиката, оперативниот лизинг во целиот свет е најупотребуваниот механизам за службени возила затоа што долгорочно трошоците за одржување се многу помали. Во ЕУ над 90 отсто од службените возила се преку оперативен лизинг. Возилата ќе се набават во ноемви бидејќи ова е активност во редовен план за набавки, тоа е во програмата на Владата, независно од изборниот процес. СОЗР распишува набавка во одреден момент кога ќе се достигне планираната километража“, истакна Битиќи одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Галафарм“.

СОЗР овој пат бара целосно нови 45 дизел-возила (лимузини) од минимум 2.000 кубни метри моторна зафатнина. Отворањето на понудите ќе биде по електронски пат на 27 март. Понудата нема да биде прифатлива доколку има „невообичаено ниска цена“.

По истекот на тригодишниот договор, операторот ќе си ги врати за себе автомобилите, но во текот на тригодишниот договор ќе биде должен да обезбедува сервис, осигурување, регистрација, промена на пневматици, зелен картон, пренос на дефектно возило за репрезентативните автомобили.

Во претходниот тригодишен циклус Владата набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милион евра, без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило, според договорот, изнесуваше 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнуваше околу 40 илјади евра. И овој пат е предвидена километража од 120.000 километри за тригодишниот период по возило.

Владата, односно Службата за општи и заеднички работи, ќе има обврска кон лизинг-компанијата по завршувањето на оперативниот лизинг да плаќа по поминат километар за секое возило.

Од Владaта оценија дека оперативниот лизинг е најповолното решение и дека така ќе се заштеди затоа што операторот постојано ќе обезбедува сервис и министрите нема да останат без возило во случај на дефект на она што им е задолжено.

реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе