Угина лавицата што ја најдоа среде пат во Србија

Петмесечната лавица пронајдена како лута на локалниот пат кај Суботица, угина по 15 дена борба во Зоолошката градина „Палиќ“.

На Facebook страницата на Зоолошката градина „Палиќ“ ја споделија тажната вест пишувајќи дека лавицата, која ја нарекоа Кики, повеќе не е меѓу нас.

„По 15 дена борба, таа ја загуби животната битка и покрај нашите максимални напори да ја вратиме. Кики почина на 6 октомври околу 21 часот“, велат тие.

Тие порачаа дека се надеваат дека нема да се повторат вакви случаи на злоупотреба на животни од несовесни „сопственици“, како што е нејзиниот.

„Случајот со лавицата Кики покажа, за жал, дека сѐ додека има луѓе кои купуваат диви животни за забава, без да ги проверат условите за чување и да знаат дека мора да имаат дозвола за чување, добиена исклучиво од Министерството за заштита на животната средина, во нашето прифатилиште ќе пристигнуваат птици со отсечени крилја спречени да избегаат, птици со клунови залепени за никој да не ги слушне, животни од разни видови кои се оставени без воздух во кутиите во кои се затворени, дури и како малата лавица“, додаваат тие.

Да потсетиме, случаен минувач ја пронајде лавицата како лута среде Чантавирскиот пат во Суботица, по што повикал полиција, која потоа ја однела во зоолошката градина.

Инаку, овој случај од Србија повторно го стави во фокус проблемот со шверцот со диви животни на Балканот.

Тагови
реклама

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе