Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за заразни болести

Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се дискутира и да се донесат одлуки и препораки за тоа како ќе работат угостителските објекти во наредниот период. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред Министерството за здравство.

– Она што се плашевме, тоа и навистина се случи. Ние денеска бевме само гости. На кратко ни беше напомнато од министерот Венко Филипче дека угостителските објекти се планира да бидат затворени во 18 часот и со прашањето – што имате да кажете, изјави Јосифовски.

Додаде дека на време и во писмена форма ги доставиле своите барања до Комисијата за заразни болести, а потоа им било овозможено на секое прашање да дадат кратки одговори.

-Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано, дебатирано или овозможено понатамошна дискусија, сите барања претпоставувам дека беа отфрлени ад хок затоа што решението за денешното затворање, односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време. Денеска беше едноставно само фарса пред јавноста и пред Комората, на некој начин да се укаже дека одлуките, што наумиле и ќе ги носат без разлика на реалноста и ефектите што тие ќе ги предизвикаат, рече Јосифовски.

Посочи дека на состанокот напоменале дека ниеден угостителски објект во кој се почитуваат протоколи и препораки за работа, во моментов и досега не е извор за ширење на заразата. Исклучок се угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите или кои било други услови за работа.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јосифовски рече дега ги почитуваат одлуките и препораките.

-И во минатото, и денеска, ние како угостители во секој момент ја почитуваме било која препорака на Комисијата за заразни болести и одлука што ќе ја донесе Владата. Она што не го добиваме ние, тоа е почитта од Владата во случај кога нè лимитира или нè ограничи во работењето да ни ги надомести штетите, рече тој. Додаде дека која било мерка да се донесе ќе ја испочитуваат, а не знаат кои угостители и дали ќе можат да работат со новите мерки.

Според него, оваа препорака ако ја прифати Владата треба да размислува на кој начин и дали ќе ги надомести штетите што ќе резултираат од овие ограничувања на угостителски објекти. Додаде не може да се процени точно штетата, но смета дека таа е голема.

Вели дека угостителите се соочуваат со големи проблеми, се во минуси и не знаат како ќе биде со работа во јануари и во февруари следната година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе