Угостителските објекти кои организираат свадби, прослави и настани очекуваат одлука за почеток со работа

По донесувањето на Уредбата со која се дозволи одржување концерти, угостителите кои организираат свадби и прослави очекуваат наскоро да почнат со работа.

Но, како што соопштија денеска, ако не се усвојат препораките за нивно отворање, ќе го искористат своето право на протест.

Угостителите кои располагаат со големи сали за одржување прослави веќе пет месеци не остваруваат никаква економска активност поради што, велат, е загрозено нивото постоење и опстанок.

-Веќе е донесена Уредба на Владата со одлука за организирање концерти, отворени гранични премини и останати одлуки кои во себе содржат далеку поголем ризик од организиран настан, свадба или прослава. Очекуваме на претстојниот состанок Комисијата за заразни болести да донесе препораки за наше отворање. Состојбата на сите економски оператори кои директо и индиректно соглано природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музички групи, фотографи, компании кои вршат декорација, цвеќарници, златарници, ателјеа за изработка на костуми и венчаници е крајно тешка и неизвесна. Доколку не се донесат препораки за отворање ќе го искористиме нашето демократско право на протест за спас и егзистенција на вршителите на овие дејности и сите вработени, истакнува потпретседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, Мартин Ангеловски.

Комората има испратено дополнителни предлози на веќе постојните до Комисијата за заразни болести од која очекува позитивна одлука на претстојниот состанок закажан за почетокот на следната недела.

-Предлозите се состојат најпрво од изготвување на листа на присутни гости на настанот изготвена од страна на нарачателот на организираната прослава, понатаму дополнување на протоколот за организирана прослава со јасно и видливо обележан подиум. Согласно донесените уредби бараме прогласување на трета фаза за редовна работа на угостителските објекти. Безбедносниот аспект ќе биде максимално запазен согласно протоколите за работа и далеку побезбеден од досегашните примери каде што луѓето се само организираат без соодветен безбедносен протокол, нагласува Ангеловски.

Компаниите од оваа дејност, потсетува потпретседателот на Комората, се адаптираа на новите услови и протоколи за заштита од ширење на пандемијата, но и натаму ќе се придржуваат на новиот начин на работа, неопходен во услови на актуелната состојба. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе