Украден накитот кој шкотската кралица Мери го носела при погубувањето

Портпаролот на замокот Арундел вели дека се украдени предмети од „непроценлива историска вредност“.

Во петокот вечерта, на 21 мај, бил украден вреден накит од замокот Арундел - комплет златни бројаници што ги носела кралицата Мери од Шкотска за време на погубувањето во 1587 година, како и златни и сребрени предмети во вредност од еден милион фунти.

Егзекуцијата на кралицата Мери од Шкотска

Откако официјално станала кралица на само девет месеци, по смртта на нејзиниот татко Џејмс V, крал на Шкотска, нејзиниот живот бил исполнет со интриги.

Била омажена за францускиот крал Франсоа II и живеела во Франција до 1560 година. Кога Франсоа II починал, Марија се вратила во нејзината земја и ја презела власта.

Меѓутоа, по семејниот скандал и нејзиниот трет брак со Џејмс Хепберн, гроф од Ботвел, кој не бил поддржан од народот, таа била принудена да абдицира во корист на нејзиниот син Џејмс и да избега во Англија, каде што повторно ја чекале комплицирани семејни односи и борба за престолот. Мери имала поддршка од англиските католици за да седне на престолот, на кој и имала право, и поради тоа претставувала закана за нејзината братучетка Елизабета I.

Кралицата Елизабета I немала наследници, а Мери имала право на англиската круна - таа била католик (таткото на Елизабета, Хенри VIII, протестант, во неговиот тестамент им забранил на Стјуартите да ја наследат англиската круна) и поради таа причина таа ја затворала Мери по разни замоци во Централна Англија повеќе од осумнаесет години.

Мери била уапсена во 1586 година под сомнение дека учествувала во заговорот Бабингтон. Судот ја прогласил за виновна и ја осудил на смрт со обезглавување. Егзекуцијата била извршена во февруари 1587 година.

Кражба на накитот кој го носела за време на погубувањето

Артефактите се земени од замокот во петокот вечерта, објави BBC. Полицијата од Сасекс за BBC изјави дека крадците влегле низ прозорецот и искршиле стаклен плакар за да ги земат предметите.

URL

Портпаролот на замокот Арундел вели дека се украдени предмети од „непроценлива историска вредност“.

„Украдените предмети имаат значителна парична вредност, но како единствени предмети од колекцијата на војводата од Норфолк, тие имаат неизмерно поголемо и непроценливо историско значење“, изјави портпаролот на замокот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе