Украдени безбедносните планови за Олимпијадата во Париз

Торба со компјутер и два USB стика со полициски планови за обезбедување на Олимпијадата во Париз е украдена од воз на железничката станица Гаре ду Норд во Париз.

Торбата му припаѓа на инженер вработен во Градското собрание на Париз.

56-годишникот ѝ објаснил на полицијата дека ја ставил торбата во багажниот простор над седиштето во возот во понеделникот наутро.

Исчезнувањето на вредната торба го открил кога поради доцнењето сакал да се префрли во друг воз.

Истрагата ја води сообраќајната полиција, на која инженерот потврдил дека во чантата го носел работниот компјутер и два USB стика со чувствителни податоци, односно плановите за обезбедување на Летните олимписки игри во Париз од 26 јули до 11 август.

Париз ќе мобилизира околу 2.000 агенти за обезбедување на Олимпијадата, покрај вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили кои ќе бидат на должност секој ден на Олимписките игри.

Тагови
реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе