Украина сака да го преименува Запорожје - името било руско

Поделено е мислењето во Украина по предлогот за преименување на гардот Запорожје како дел до т.н. деколонизација.

Градот Запорожје е под контрола на украинската армија, но е главен град на истоимениот регион што есеноска изгласа припојување кон Русија. Според украинскиот пратеник Максим Бужанскиј, идејата е лудост.

Бужанскиј алудираше на иницијативата на Националната комисија на Украина за државни јазични стандарди. Организацијата објави список од над 1.400 имиња на места, вклучително и Запорожје, кои препорачуваат да се сменат според законот „за забрана на пропаганда на руската империјална политика и деколонизација на топонимијата“.

Сите имиња на таа листа не одговараат на украинскиот јазик, или се „поврзани со руската империјална политика“, стои во објавата. Комисијата не елаборираше зошто Запорожје, кој е под контрола на Украина, завршил на списокот. Инаку, на украински градот се вика Запорижја.

Осврнувајќи се на градот, комисијата предложи властите „да го оправдаат задржувањето на сегашното име или да предложат ново име“ во рок од 6 месеци. Ако тоа не се случи, името на градот ќе го смени украинскиот парламент.

Иницијативата не предизвика широк ентузијазам кај украинските политичари, при што Бужанскиј го отфрли предлогот како „лудост“.

„Ни велат дека Запорожје е некаков руски империјален наратив. Ме зафркавате?“, рече тој, нарекувајќи го градот како „срцето на Украина“ и „лулка на Козаците“. Предупреди дека одлуките донесени „под маската на псевдопатриотизмот“ на крајот ќе им се вратат како бумеранг.

За време на Руското Царство градот се викал Александровск, а бил преименуван во Запорожје во 1921 година од страна на болшевиците. Имаето всушност значи „зад речните брзаци“, и алудира на местоположбата на градот низводно од брзцавите на реката Днепар. Брзаците ги нема од 1932 година, од кога на нивно место е хидроелектраната „Днипро“.

Кампањата на Украина да ги прекине сите историски врски со Русија започна уште во 2015 година, кога Киев го донесе сега озлогласениот закон за декомунизација. Додека на хартија, законодавството ги таргетираше само знаменитостите и имињата на местата поврзани со СССР, во пракса тоа се однесуваше и на сѐ што е поврзано со Русија.

Запорожје е најголемиот град во истоимениот регион кој, заедно со три други поранешни украински територии, со големо мнозинство гласаше за приклучување кон Русија на јавните референдуми минатата есен. Киев не ги призна гласовите, опишувајќи ги како „измама“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе