Украинскиот дрон The Punisher создава хаос зад руските борбени линии

Украинските сили користат мали борбени дронови за серија успешни мисии против руските сили кои ја нападнаа земјата минатата недела.

Станува збор за дронот The Punisher, кој е тешко забележлив поради неговата големина и кој може да помине големи растојанија и да создаде хаос зад руските линии.

Во време на модерно војување, не е ни чудо што беспилотните летала се користат во конфликти, но необичен е повикот на украинските сили до населението да донираат дронови. Јасно е дека армијата не користи рекреативни дронови за борба, но тие сепак служат како одлични мамки за борбените дронови на непријателот и оваа тактика досега се покажа како многу успешна.

Украинската армија, пак, ги користи дроновите The Punisher кои имаат пречник на крилата од околу 2,9 метри и летаат на височина од 396 метри. Овие беспилотни летала можат да поминат неколку часа во воздух, а нивниот лет е главно автоматски бидејќи за лет им се потребни само координатите на целта.

Кога полетува, на дронот The Punisher му треба придружниот дрон Spectre, кој врши извидувачки задачи и помага да се идентификуваат стационарни цели. The Punisher потоа може да нападне со фрлање на сите 2,7 килограми експлозив или да ја подели таа количина на три цели.

Овој борбен дрон досега има завршено повеќе од 60 успешни мисии, а неговата предност е што може да влезе длабоко во непријателски простор, односно речиси 50 километри. Беспилотното летало беше искористено за напад на руските линии за снабдување, уништување конвои со гориво и складирање на муниција и системи за електронско војување.

Интересно, The Punisher беше развиен од UA Dynamics, компанија основана од ветерани кои се бореа за време на руската анексија на Крим. Благодарение на дронот, Украинците можат да нападнат цели длабоко зад руските линии без да ги ризикуваат своите сили.

Покрај The Punisher, украинската војска користи и околу 20 турски беспилотни летала Bayraktar TB2, како и својот нов дрон Peascekeeper за сите терени, кој пред неколку месеци ги заврши фабричките тестови.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Свет

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Read more

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Read more

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Read more

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе