Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во Киевската област, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирскиј.
– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на несреќата загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик-министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина, Ихор Клименко.
Тој додаде дека 22 повредени лица се во болница, од кои 10 се деца.
Хеликоптерот се урнал близу градинка и станбена здрага.
Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.
Засега нема индикации дека падот бил предизвикан од војната во Украина.