СЕКСИЗАМ И МИЗОГИНИЈА

Украинските жени-војници маршираа во штикли, светот збесна

Украинските власти наидоа на бурни реакции откако беа објавени официјални слики на жени во воена обука како парадираат во штикли.

Украина се подготвува да организира воена парада следниот месец за одбележување на 30 години независност од распадот на Советскиот Сојуз, а Министерството за одбрана вчера објави фотографии од жени војници кои маршираат обуени во чевли со високи потпетици

„Денес, за првпат, обуката се одвива во чевли со високипотпетици“, рече кадетката Ивана Медвид.

„Малку е потешко отколку во воени чизми, но се трудиме“, додаде Медвид во коментарите.

URL

„Тешко е да се замисли поидиотска, поштетна идеја“, рече Ина Совсун, член на партијата „Голос“, посочувајќи на здравствените ризици.

Таа исто така рече дека украинските жени војници се еднакви со мажите,  ризикувајќи го својот живот и „не заслужуваат да бидат исмевани“.

Украина се бори со сепаратистите поддржани од Русија, на истокот на земјата, во конфликт во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе од 2014 година.

Олена Кондратјук, заменик претседател на парламентот, рече дека властите треба јавно да се извинат за „понижувањето“ на жените и да спроведат истрага.

Кондратјук рече дека повеќе од 13.500 жени се борат во актуелниот конфликт.

Повеќе од 31.000 жени сега служат во украинските вооружени сили, вклучително и повеќе од 4.000 офицери.

Изборот на обувки предизвика критики на социјалните мрежи ширум светот, како и во украинскиот Парламент и доведе до обвинувања дека војниците биле сексуализирани.

„Приказната за парадата во штикли е навистина срамна“, гласи реакцијата на еден Facebook корисник кој додава дека некои украински службеници имале „средновековен“ начин на размислување.

Други го обвинија Министерството за одбрана за „сексизам и мизогинија“.

„Штиклите се потсмев на жените наметнати од индустријата за убавина“, напиша една корисничка на социјалните мрежи.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе