Уништена најголемата плантажа за марихуана во Европа

Шпанските власти уништија 415.000 стебленца марихуана во вредност од речиси 100 милиони евра, на најголемата плантажа со марихуана во Европа.

Речиси 50 тони растенија се сушеа во складиште за преработка на CBD, соединение кое сè повеќе се користи за лекување на анксиозност, несоница и други болести бидејќи не е психоактивно. Плантажата, која се наоѓа во руралниот северен регион Навара, се протегала на 11 полиња со вкупна површина од 67 хектари, соопшти Цивилната гарда.

CBD може да се користи и продава во поголем дел од Европа

Продажбата на CBD и неговата употреба е легална во Шпанија и поголемиот дел од Европа, но шпанскиот закон забранува одгледување марихуана освен за индустриска употреба, како што е текстилната и семенската индустрија. Одгледувањето за производство на CBD и други деривати е кривично дело.

Во рамките на акцијата се уапсени три лица. Акцијата започнала кон средината на минатата година кога полицијата открила една од нивите. Цивилната гарда соопшти дека сопственикот на плантажата првично тврдел дека води легален бизнис за производство на марихуана за индустриски цели, но подоцна било откриено дека планирал да извезе големи количини од растението во Италија и Швајцарија за производство на CBD.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе