Уништување на Lamborghini Huracan Performante среде автомобилска средба
Британскиот продавач на автомобили HR Owen организираше средба во Лондон на љубителите на автомобили, а настанот ќе остане запаметен по уништувањето на скап Lamborghini Huracan Performante.
Возачот во обид да ја демонстрира силата на скапиот автомобил во тесна уличка, удри во бетонски столб и во дрво. Тој не е повреден и за среќа во близина немало пешаци.
Присутните на настанот велат дека возачот сакал да си замине од местото на собирот и притоа доживеал несреќа, откако ја загубил контролата над возилото.