Упорниот Златан на лето прави неочекуван трансфер во нов клуб

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ по крајот од сезонава би можел да го напушти Милан и, како што пишуваат италијанските медиуми, би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Монца.

Клубот каде што директор е Адриано Галиани, со кој Ибрахимовиќ со години се познава и со кој има навистина добар и коректен однос, наредната сезона речиси сигурно повторно ќе игра во калчо елитата. Таквиот развој на настаните ќе значи и дека клубот ќе треба да се засили, а еден од играчите кои Монца ги планира е токму шведскиот ветеран, со кој тимот би се засилил и би се обидел да се вмеша во борбата за местата што водат во фудбалска Европа.

Ибрахимовиќ неодамна со гол од пенал против Удинезе стана најстар стрелец во Серија А, гол кој го постигна во моментот кога имаше 41 година и 166 дена. Претходно рекордот го држеше Алесандро Костакурта кој во листата на стрелци се запиша со 41 година и 25 дена, во мај 2007 година, исто така од пенал.

Феноменалниот 41-годишен фудбалер воопшто не губи мотивација кога е во прашање овој спорт, а потсетуваме дека повторно стана и репрезентативец.

„Веројатно се прашувате што правам тука. Мислите дека сум глупав што сум тука, имам 41 година и играм за репрезентација. Но, почекајте да дојдете блиску до крајот. Тогаш ќе сфатите сѐ што сега правам и ќе почне да ве фаќа паника. Нема да сакате да престанете, по секоја цена ќе сакате да продолжите“, сликовито објасни Ибрахимовиќ зошто и натаму игра за Шведска.

Ибра со Милан има важечки договор до крајот на сезонава, а потсетуваме, клубот не го пријави за играње во Лигата на шампионите, што можеби е една од причините поради кои Златан размислува за промена на средината.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе