Управен суд денеска на јавна седница ќе ги разгледа тужбите поднесени од АА и Алтернатива и од Интегра

Скопје, 22 јули 2020 (МИА) –Управниот суд за денеска закажа повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и една тужба поднесена од Интегра.

Тужбите, како што претходно најави претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, се поделени на неколку судечки совети формирани со жрепка.

По решенијата на Државната изборна комисија за отфрлање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори тужби до Управниот суд најавија и Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од ДИК и истекува денеска попладне.

Од Државната изборна комисија вчера информираа дека до 14 часот решенија за отфрлање или одбивање на приговорите подигнале претставници и на Левица, додека на партиите кои не ги подигнале решенијата им се испраќаат по електронска пошта и се сметаат за уредно доставени пет часа од испраќањето.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници.

Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август

Тагови
реклама

Македонија

Без струја корисници од Долно Лисиче

Read more

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Read more

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more
 

Вести

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар

Читај повеќе

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Читај повеќе

Без струја корисници од Долно Лисиче

Читај повеќе

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Читај повеќе

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе