Управниот суд ја одби тужбата на Еуростандард банка

Управниот суд ја отфрли тужбата на Еуростандард банка во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Во образложението на одлуката се наведува дека за Еуростандард банка е отворена стечајна постапка и согласно Законот за стечај и Законот за трговски друштва е извршена промена на податоците во Централниот регистар и единствено овластено лице е стечајниот управник Душко Тодевски кој има овластувања да ја застапува банката во правниот промет.

– Од овие причини, Управниот суд ја отфрли тужбата на тужителите поради непостоење на активна легитимација, а согласно членот 203 став 2 од Законот за парнична постапка на чија примена упатува членот 14 став 1 од Законот за управните спорови, се вели во образложението.

И барањето за донесување на времена мерка за одложување на решението од Народна банка, од Судот го отфрлија како беспредметно.

– Судот при одлучувањето го имаше предвид и посебното барање – Предлогот за донесување на времена мерка за одлагање на извршување на оспореното решение, но фактот дека Судот со ова решение одлучи за тужбата, барањето за донесување решение за времена мерка е беспредметно. Ова од причина што времената мерка во управниот спор ја следи судбината на тужбата, наведуваат од Судот.

Народната банка во август ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните услови за работа. При крајот на август беше отворена стечајна постапка, а од Фондот за осигурување на депозити најавија дека ќе бидат обештетени депозитите.

Дел од оштетените граѓани формираа здружение и за утре најавија протест пред Собранието. Преку оваа банка се вршеше и платниот промет на АД „Пошта“ поради што во тек е постапка за избор на нова банка преку која „Пошта“ ќе го врши платниот промет. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе