Усогласени препораките за влез во ЕУ, одлука до утре попладне

Главен критериум за влез на државјани на трети земји во ЕУ ќе биде бројот на новозаразени лица на 100.000 жители во тие земји да биде „близу или под просекот на ЕУ“ во претходните 14 дена, е ставот што го усогласија амбасадорите на ЕУ.

Земјите-членки сега имаат рок до утре напладне да одговорат дали се согласуваат со договорениот текст на препораките што ги разговарале амбасадорите на земјите-членки во текот на изминатите неколку дена.

Амбасадорите ги утврдија критериумите врз основа на кои се составува список на трети земји кои можат да влезат во ЕУ.

Главниот критериум е бројот на новозаразени на 100.000 жители во последните 14 дена да биде „близу или под просекот на ЕУ“. 

Се бара стабилен или опаѓачки тренд на новозаразени. Ќе се земат предвид и веродостојноста и достапноста на податоците во трети земји, како и мерките што овие земји ги воведоа за граѓаните на земјите од ЕУ.

Овој критериум моментно го исполнуваат 14 земји – Алжир, Австралија, Црна Гора, Канада, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кина исто така ги исполнува критериумите, но ќе може да влезе во ЕУ од таа земја доколку Пекинг ја укине забраната за граѓаните на ЕУ.

Списокот не е правно-обврзувачки затоа што одговорноста за управување со границите е на земјите-членки, но е важна заради потребата земјите-членки да постапуваат на координиран начин.

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и државјаните на трети земји кои се легално жители на ЕУ и членовите на нивните семејства, сѐ уште можат да влезат во ЕУ од трети земји. Ограничувањата не се однесуваат на одредени категории на лица, како што се здравствени работници, работници во погранични области, лица кои работат на транспорт на стоки. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе