Уставен суд го укина членот 163 од Законот за банки, штедачите задоволни

Скопје, 25 мај 2021 (МИА) – Уставниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана денеска го укина  член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/201, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019).

Ова го објави Уставниот суд на својата веб страница.

Иницијативата за оценување на уставноста ја поведе Уставниот суд на седница одржана на 21 април 2021 година, според кој побарувањата на Фондот осигурување на депозити врз основа на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Иницијативата до Уставниот суд ја поднесе Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”, според кои сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30.000 евра и тие што имале над 30.000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард  банка „Правда за штедачи”, оцени дека денеска Уставниот суд донесе позитивна  мериторна одлука.

-Како што претходно најави и очекуваше Здружението, денеска, 25 мај, Уставниот суд  ја одржа седницата на која точка на дневен ред беше иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Би сакале да и пренесеме на пошироката јавност дека денес Уставниот суд донесе позитивна мериторна одука по однос на ова прашање, наведоа во соопштение од Здружението.

Согласно актуелното законско решение Фондот за осгурување депозити ги обесштетува осигурените депозити до 30 000 евра во денарска противвредност, оние над тој износ, како во случајот и со Еуростандард банка, се пријавуваат како побарувања од стечајната маса.

Фондот е државна сопственост, гарантира покривање на одредено осигурено ниво на наплата на депозити на физички лица во банките на територија на Република Северна Македонија и неговата финансиска одржливост е неопходна за целокупниот банкарски сектор во државата..

Дозволата за работа на Еуростандард банка ѝ беше одземена во август минатата година, од кога и се обештетуваат штедачи кои имаа депозити до 30.000 евра.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе