Уставните судии ќе донираат 20% од априлската плата за борба против COVID-19

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Уставните судии на вчерашниот работен состанок донеле одлука да донираат  20 отсто од својата нето плата за април во фондот за борба против коронавирусот.

– Уставниот суд уште еднаш нагласува дека во секој од предметите кои се разгледуваат, се оценува уставноста и законитоста на нормите, а не целта која се сака да се постигне преку нив, се наведува во кусото соопштение од Судот.

Уставниот суд пред неколку дена едногласно ја укина владината уредба за кратење на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица…

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во интервју за МИА за оваа одлука која предизвика реакции во јавноста, изјави дека Судот не е против солидарноста во борбата против коронавирусот, туку е едногласен дека уредбите мора да бидат во согласност со Уставот и со законите.

– Никој од судиите не ја оспори или е против легитимната цел – обезбедување средства за борбата со пандемијата, туку е спорен начинот на кој тоа е сторено – преку норми за чија неуставност и незаконитост постои основано сомнение. Заштитата на уставноста и законитоста е уставна задача на Судот и тој мора да реагира и да ги обезбеди и во услови на вонредна состојба, кажа Мурати.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе