Утре завршува полицискиот час, надлежните не исклучуваат нови мерки

Утре изутрина во 5 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, а министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Нова проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, како што веќе беше најавено ќе се прави утре, а Комисијата за заразни болести и министерот Филипче сметаат дека на почетокот на неделава ќе имаме резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена.

– Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, рече вчера Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.

Целта на неговото воведување, додаде, беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па дури и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

– Тоа го гледаме од возрасните групи на новодијагностицирани пациенти. Ние сме спремни да воведеме дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не дадат посакувани резултати, потенцира Филипче.

Нагласи дека сега е посебно потребен и многу важен системот на секојдневна координација, комуникација со сите релевантни чинители во менаџирањето на кризата, имајќи предвид дека е навистина силен новиот бран со Ковид-19.

Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе