В петок по 9-ти пат Рудар рок фест во Пробиштип

Филип Здравески
/ 22.08.2023 / 11:32

Овој петок во Пробишти ќе се одржи 9-тото издание на фестивалот кој промовира македонски бендови од рок сцената - Рудар рок фест.

Со почеток од 19 часот на повеќенаменското игралиште во Градскиот парк во Пробиштип во рамките на културните денови по повод 28 Август – Денот на рударите и големиот христијански празник Пресвета Богородица ќе се одржи деветтото издание на овој познат македонски рок фестивал.

„И оваа година се обидовме да ги заживееме основните карактеристики на овој рок настан од претходните години - хард рок музиката и промовирањето на нови бендови од македонската рок сцена. Па така, посетителите ќе имаат можност да уживаат во хард рок, панк и метал звуци на нашите изведувачи“, велат организаторите.

Не фестивалот посетителите ќе имаат можност и да си купат маичка и на тој начин да го поддржат настанот за да се организира и наредните години.

Настанот се реактивираше лани кога по 16 години пауза се врати на македонската музичка сцена благодарение на локални ентузијасти.

На Рудар рок фест 2023 ќе настапат:

Младиот хард рок бенд „ПрекуРед“, кои скоро го издадоа својот прв албум „Хаос“.

Remote video URL

Понатаму, прогресив-рок бендот „Беседа“, победници на последното издание на Лузер Фест.

Remote video URL

Домашните „Прв Ред“, во нивниот препознатлив панк-рок стил.

Remote video URL

По примерот на ланската година, и сега ќе има кавер бенд, а тоа е „Ashborn“, кој ќе отсвири големи хитови од историјата на рок музиката.

Remote video URL

За љубителите на тешките метал звуци годинава ќе настапат амбициозните „Мамут“.

Remote video URL

За крај, ќе настапи истакнатото име од македонската рок сцена од осамостојувањето, а тоа е алтернативниот рок бенд „Ласт Експедишн“.

Remote video URL
реклама

Музика

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе