Вагнеровец изврши масакр во Русија: Го пуштиле од затвор да се бори во Украина, а потоа дивеел

Макфакс
/ 05.08.2023 / 12:20

Во две одвоени куќи се пронајдени телата на пет мажи и една жена со убодни рани и сериозни изгореници, пишува Daily Mail. Телата биле пронајдени откако куќите биле зафатени од пожар во село во северниот руски регион Карелија. Според руските органи на прогонот, сторител е поранешен затвореник кој учествувал во војната во Украина.

Игор Софонов (38), криминалец повратник, бил регрутиран да учествува во војната во Украина. Неговиот наводен „содружник“ во криминалот, кој исто така бил во затвор за тешки кривични дела, се вика Максим Бочкарев (37). И двајцата првично беа притворени два месеца под сомнение за убиство, соопшти Рускиот истражен комитет. Бочкарев и Софонов, наводно, претходно биле осудени за убиство, силување, грабеж и поседување дрога.

Инспекторите, пак, се сомневаат дека куќите се запалени за да се сокрие масакрот, а на видеото се гледаат уништените куќи по пожарот.

Константин Лонин (42), неговиот брат Дмитриј (47) и Владимир Сергејенко (76) се меѓу загинатите во куќа во селото Деревјаноје. Во истата куќа била и жена по име Свјетлана (38). Телата на Владимир Терешченко (70) и неговиот син Артјом (39) се пронајдени во друга куќа, на улицата „Пријателство“. Децата на Артјом скокнале од прозорецот кога натрапниците упаднале и тргнале заедно со нивниот дедо да алармираат во соседната куќа. Децата сега се безбедни, но нивниот дедо бил убиен заедно со неговиот син кога подоцна пристигнал на местото на настанот.

Некои извештаи сугерираат дека Софонов служел за платеничката војска на Вагнер. Тој бил пуштен дома пролетта, се вели во извештаите. Двајцата осомничени биле во состојба на „екстремна интоксикација“ кога биле приведени, а учесникот во злосторството бил опишан како „силен и висок маж“, пишува Daily Mail.

Русите изразија длабока загриженост за поранешните затвореници кои Путин ги помилува како награда за борбите и им дозволи да си одат дома.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе