Вака ли ќе се стави крај на малолетничките бремености?

Здружението Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари преку социјалните медиуми извести за случај на бремена малолетничка која не можела да го оствари правото на безбеден прекин на бременоста.

Здружението делува во повеќе области и тоа: социјални права, здравствени права, дискриминација, сексуално-репродуктивни права, семејно и родово базирано насилство, повратници од странство. Членовите делуваат како параправнички и теренски работнички и нудат директни услуги и едукација на населението во Шуто Оризари во областа на социјалната и здравствената заштита и дискриминацијата.

Сведоштвото на мајката на малолетничката Кумрија беше споделено на Facebook страницата на Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари, а ние ви го пренесуваме во целост, со нивна дозвола:

Детето Кумрија има 16 години и е во средно образование. Таа никогаш немала пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, немала информации за безбедно сексуално однесување, ниту можност да се советува со гинеколог. По сомнежот дека е бремена, таа заедно со нејзината мајка на ден 05.01.2023 година се обратила во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, со намера да се утврди статусот и доколку се потврди дека е бремена, да побара прекинување на бременоста.

Бидејќи веднаш укажавме дека сме дојдени за прекин на бременоста, по првиот гинеколошки преглед, поради тоа што специјалистот гинеколог не беше сигурен за која недела од бременоста станува збор, нè упати на втор гинеколошки преглед за второ мислење од друг специјалист гинеколог, во друга просторија во рамките на истата болница. На вториот гинеколошки преглед ни беше кажано дека не можат да утврдат за која недела од бременоста станува збор со сигурност, односно, дека „е на граница помеѓу 22 и 23 гестациска недела“ и нè упатија да се обратиме следниот ден повторно на гинеколошки преглед и да се јавиме на Комисијата за прекин на бременоста. Социјалниот работник, кој нè придружуваше, на ова ми кажа „помоли се да биде помало од 22 недели“. Ваквиот коментар укажува на тоа дека иако Законот за прекинување на бременост предвидува ситуации кога е дозволено прекинување на бременоста и по 22-ра гестациска недела, очигледно е воспоставена проитивзаконита пракса на одбивање на барањата за прекинување на бременост што надминала 22-ра гестациска недела.

Следниот ден, повторно се обративме во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, каде прво го побаравме социјалниот работник сè со цел комплетирање на потребната документација за поднесување на барањето до Комисијата за прекин на бременоста. Пред да се обратиме до нив, социјалниот работник ја повика проф. д-р Сци. за уште еднаш да ѝ биде извршен гинеколошки преглед на Кумрија. Во текот на прегледот, таа ја праша Кумрија кога ѝ била последната менструација, на што Кумрија одговори дека знае точно дека станува збор за месец август, но не е сигурна кој е точниот ден. На тоа, добивме одговор од докторката дека „не може да не знаеш, го знаеш датумот, кажи ми го“, на што Кумрија повторно кажа дека не го знае точно. Јас мислев дека поради тоа што не го знае точниот датум, докторите не можат да утврдат за која гестациска недела точно станува збор, но кога тоа го кажав на глас и ја прашав дали е тоа причината, таа ми одговори „ние не работиме на недоумици, работиме на прегледи, го мериме бебето и заклучуваме колку е старо“. Со завршувањето на прегледот, таа ни кажа „мислам дека нема да може да се абортира бебето според мерењата“. Со комплетирање на сите извештаи, ме упати да се обратам до социјалниот работник и дека тој ќе знае што треба да се преземе понатаму.

Откако се состана Комисијата и ја донесоа одлуката, нè повикаа да влеземе во просторијата и претседателот на истата, ни кажа дека донеле одлука со која не се одобрува абортусот, велејќи ни „морфолошко здраво дете од 500 гр јас да му вбризгам инекција преку стомакот на мајката во срцето, немам храброст“. Нè упати до второстепена комисија и дека ако и второстепената комисија за прекин на бременоста одлучи дека не се одобрува бременоста, она ќе треба да си ја тера бременоста, па кога ќе се породи можеле да го дадат на посвојување. Социјалниот работник ни укажа дека ако одлучат за обраќање до второстепена комисија, треба да појдам во Министерството за здравство.

Извор:  Facebook страница на Иницијатива за правата на жени од Шуто Оризари

Согласно Законот за прекинување на бременост прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена, а во случај ако е малолетна изјавата ја дава законскиот старател (член 2, Закон за прекинување на бременост). Прекинувањето на бременоста може да се изврши во било кога фаза од бременоста кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во лични, семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје. При тоа, законодавецот дал појаснување тоа што вклучуваат овие околности за да им биде полесно на надлежните да донесат правилна и законита одлука. Имено, како тешки, лични, семејни, материјални и други прилики се сметаат особено: потешко нарушените брачни и семејни односи, постоење на асоцијални појави во семејството, тешки станбени услови, материјална необезбеденост, нарушување на здравјето на членови на семејството и бројот на децата во семејството.

Од доказите приложени кон првостепената комисија, како и од јасниот и недвосмислен став на детето Кумрија и нејзината мајка, неспорно е дека продолжувањето на бременоста ќе го загрози менталното и физичко здравје на детето, ќе ја остави без завршување на образованието и можноста за личен и професионален развој и вработување. Тешките материјални услови во кои се наоѓа детето и нејзиното семејство, без можност да се грижат за бебето, ќе ја врзе Кумрија за домот и ќе ја ограничи секоја можност за нејзин развој во иднина. Се работи за млада девојка која за прв пат стапува во сексуален однос и која е неинформирана за заштита од несакана бременост.

Немањето на соодветно сексуално образование и пристап до соодветни научно засновани информации кои ќе спречат несакана бременост и безбедно однесување резултираше со несакана бременост и единствено Кумрија знае што е најдобро за неа во овој случај. Второстепената комисија при одлучувањето мора да ги земе предвид културолошките вредности на ромската заедница и средината во која живее Кумрија што е дополнителна бариера за стекнување на информации за сексуалното и репродуктивното здравје, што во овој случај резултирало со тоа што Кумрија нема матичен гинеколог и нема информации за степенот на бременоста.

Но, најважно од сè, е тоа што, видно и од самите Извештаи од извршените прегледи, Кумрија своеволно бара прекин на бременоста поради сите горенаведени причини. Самата одлука од Првостепената комисија за прекин на бременоста, со која не се одобрува абортусот, ја доживува како присилување да биде родител и страв за нејзината иднина поради исклучувањето од образовниот процес.

Одлуката на првостепената комисија е донесена врз основа на предрасуда дека е нормално девојка Ромка да раѓа на 16 години, да не го продолжи образованието и да нема можност да излезе од стереотипот дека нејзина единствена улога во животот е да раѓа и да се подредува на патријархалното општество без можност да го искаже својот глас и автономно да одлучува за својот живот.

По неможноста за извршување на абортус Кумрија решава да стапи во вонбрачна заедница со таткото на бебето и го прекинува образовниот процес.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе