Вечера со поглед на Земјата - ќе чини 500.000 долари, во април тестови со балон

Приватните компании SpaceVIP и Space Perspective се здружија за да понудат врвно луксузно искуство за јадење во вселената.

Сите оние што се способни и сакаат да платат речиси 500.000 долари ќе летаат до работ на вселената со помош на вселенски балон и ќе јадат храна од менито на данскиот готвач Расмус Мунк, чиј ресторан „Alchemist“ има две ѕвезди Michelin.

Вселенскиот брод Neptune на Space Perspective влегува во тест фаза во април и се очекува да стапи во употреба до 2025 година.

Вселенскиот брод Netpune ќе може да прими до шест патници, кои ќе бидат подигнати на висина од околу 30 километри. Триесет и двегодишниот Расмус Манк ќе им биде домаќин и ќе им подари специјално креирано мени.

Гостите ќе ја јадат својата храна со поглед на Земјата, а ќе можат и да уживаат во спектакуларното изгрејсонце. Ќе им биде достапна и WiFi конекција за споделување на своите искуства на социјалните мрежи.

Мунк рече дека сака неговото мени да ја одразува иновативната природа на самото патување.

Ресторанот „Alchemist“ во Копенхаген неодамна беше вклучен во листата на 50 најдобри ресторани во светот, нудејќи авангардни менија за дегустација од 50 курсеви, кои можат да чинат околу 460 долари.

Space Perspective соопшти дека ќе биде домаќин на првите комерцијални патници во 2025 година, додека пробните летови на вселенскиот брод Neptune ќе започнат во април. Компанијата го промовира како најголема капсула во светот за човечко вселенско патување. Сепак, треба да се забележи дека и покрај името Space Neptune, овој вселенски балон всушност не стигнува до вселената. Неговата максимална висина е нешто повеќе од 30 километри, додека Кармановата линија, која е меѓународно признаена како граница на вселената, е на висина од 100 километри.

Сепак, исто како Virgin Galactic, кој лета под Кармановата линија, и Blue Origin, кој не стигнува до орбиталниот простор, Space Perspective сепак им нуди на патниците можност да ја видат Земјата од далечина. Тие можат да го искусат т.н. Overview Effect (Ефект на преглед), документирана психолошка реакција на гледањето на Земјата од вселената, што предизвикува многумина повторно да ги проценат своите приоритети кога ќе се вратат на планетата.

Додека понудите за јадење од високата класа ќе им овозможат на гостите искуство како од научно-фантастика, Space Perspective можеби нема многу да ја промени човечката перспектива за вселенскиот туризам.

Компаниите за вселенски туризам често зборуваат за демократизирање на пристапот до вселената, но наплаќаат огромни суми за едно патување, што укажува дека оваа услуга е резервирана за најбогатите луѓе во светот. Пример е Virgin Galactic, која продава билет за 450.000 долари.

Вселенските балони како Spaceship Neptune и Bloon на шпанската компанија Zero2Infinity нудат малку подостапно искуство, а Space Perspective ќе продава билети за околу 125.000 долари.

Вселенскиот балон претставува побезбедна форма на вселенски туризам бидејќи не користи ракетно гориво, но патниците не доживуваат бестежинска состојба во ниту еден момент за време на нивното патување.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе