Велковски: Срамота е да се каже дека 5% е зголемување на пензиите

Пет процентни поени на пензиите не претставува покачување, туку усогласување на трошоците за живот за сите приматели на пензии во Македонија, вели техничкиот министер за труд и социјална правда, Ѓоко Велковски.

„Процентот за жал е многу мал и срамота е да се каже дека 5% е зголемување на пензиите, како некои други што потенцираат. Јас ова го нарекувам усогласување, бидејќи 5% на она што најголемиот дел од пензионерите го примаат како пензија ќе биде буквално едно одење до продавница и назад со неколку производи во нивната кеса“, вели техничкиот министер.

Според него, неопходна е промена на методологијата за пресметување на процентните поени како би се намалила преголемата разлика помеѓу оние граѓаните коишто земаат минимална пензија и оние со високи пензии. Тој дополнува дека покрај усогласување на пензиите, потребни се системски мерки во делот на примателите на социјална помош и регулирање на минималната плата согласно реалните месечни трошоци на граѓаните.

„22% стапка на граѓани кои живеат под нивото на сиромаштија во Македонија всушност го докажува и она што го говорам од првиот ден, дека над 600.000 граѓани, жители на Македонија, живеат под работ на сиромаштијата. Тоа значи дека живеат со помалку од 100 денари. Денеска да издржи еден човек во текот на денот со 100 денари претставува беда и сиромаштија. Не може никој да го побие овој факт, дека е тоа така, бидејќи е потврдено со релевантни статистички податоци, како и од експертите“, истакнува тој.

Тагови
реклама

Македонија

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more
 

Вести

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе