Вежбање и слабеење: 12 правила како да издржите

А.С.
/ 04.11.2022 / 15:56

На луѓето кои имаат проблеми со истрајност кога ќе се зафатат со програми за слабеење и вежбање, најчесто им треба дополнителна мотивација и поголема дисциплина во нивните напори.

Адам Гилберт е автор на онлајн програми токму за оваа група вежбачи и веќе 10 години тој им помага на луѓето да развијат здрави навики на однесување и вежбање. Тој конкретно се занимавал со психолошките причини зошто луѓето не вежбаат онолку колку што им треба и колку што можат за да ја остварат замислената цел.

Ова се неговите 12 правила за кои Адам вели дека им помогнале на неговите клиенти:

  1. Почнете со мали чекори

Вежбите треба да бидат подносливи. Кога почнувате со вежбање, немојте да се префорсирате. Десет минути вистинско вежбање е подобро од совршеното вежбање од кое се плашите и го одбегнувате.

  1. Држете се до правилото од 10 минути

Најтешко е да се почне, затоа почнете со вежбање од 10 минути и ако тоа ви е доволно и сакате да престанете, во ред. Луѓето најчессто се чувстсвуваат добро после вежбањето и продолжуваат понатаму и по десеттата минута.

  1. Комбинирајте го вежбањето со нешто омилено

Пуштете си ја омилената музика кога вежбате или вежбајте додека ја гледате омилената серија или филм.

  1. Туширањето нека ви биде награда

Се туширате секој ден, така? Е па исто така и вежбајте секој ден и туширањето ќе ви дојде како релаксација.

  1. Не се префорсирајте

Прекинете со вежбање пред да се исцрпите потполно. Дури и ако уживате во вежбањето, прекинете додека уште се чувствувате добро.

  1. Не го прескокнувајте понеделникот

Вежбањето во понеделник ви го одредува ритамот за вежбање за целата недела. Ако го прескокнете понеделникот, многу полесно ќе најдете изговор да скокнете и други денови во неделата.

  1. Забавувајте се

Многу луѓе доаѓаат во теретана со прашањето: „Што треба да правам?“, наместо да размислуваат „Што би сакал/а да правам?“. Најдобра диета и најдобри вежби се оние до кои се придржуваме. Пробајте различни работи, вежби, справи, истражете што најмногу ви се допаѓа и што ви одговара: шетање, трчање, возење велосипед, јога, пилатес, бокс, пливање...

  1. Почитувајте го своето време

Ускладете ги вежбите со останатите обврски и трудете се да одолеете на исскушението во тоа време да правите што било друго или да си наоѓате изговор дека имате нешто друго за правење.

  1. Не правете ништо

Ако ви излезе непланирано слободно време, трудете се да не го трошите залудно времето седејќи на социјалните мрежи. Подобро не правете ништо и уживајте во медитација или слушање музика или лесна прошетка.

  1. Идентификувајте го проблемот

Ако се плашите или се чувствувате непријатно поради нешто додека вежбате, обидете се да одите во теретана кога има најмалку вежбачи таму. Неколку тренинзи со персонален тренер ќе ви помогнат да го надминете стравот.

 

  1. Држете се до правилото од еден ден

Можете да прескокнете еден ден вежбање, но никако два со ред. Секоја поголема пауза го отежнува враќањето во ритам.

  1. Вежбајте за да се релаксирате

Осумдесет отсто од слабеењето е начинот на исхрана, односно што, како и кога јадете. Некои луѓе поминуваат месеци во теретана, но со мал резултат. Гледајте на вежбањето како на најсигурен начин да се ослободите од стресот и да се релаксирате. Вежбањето е многу важно за здравјето, нивото на енергија, подвижност и чувството на среќа.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Фит

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе