Viber има нова функција - ги идентификува повиците од непознати броеви

Новата функција Caller ID на Viber ги идентификува повикувачите од непознати броеви и обезбедува откривање спам - давајќи им на корисниците повеќе избори кога размислуваат дали да се јават на непознати броеви.

Кога последен пат сте игнорирале повик од непознат број? Тоа можеше да биде повик од личност која може да ви биде важна - но вие сепак избравте да го игнорирате, иако тоа можеше да биде вашиот лекар или доставувачот на важен пакет.

Компанијата Rakuten Viber воведува нова функција – Caller ID – која го открива идентитетот на повикувачите од непознати броеви, и ги штити корисниците од спамирање.

Новата функција на Viber ќе ви помогне никогаш повеќе да не пропуштате важни повици. Корисниците на апликацијата ќе имаат избор да ја активираат оваа функција за да го идентификуваат лицето кое им го упатува повикот - дури и ако повикот не доаѓа од Viber.

Со функцијата Caller ID, при примање повик, на корисниците ќе им се прикаже предупредување дека повикувачот е од непознато лице, заедно со бројот на повикувачот на екранот. Ова е овозможено со собирање на резултатите од спам повиците и броевите пријавени на Viber од неговите корисници. По завршувањето на дојдовниот повик, корисникот ќе има достапни дополнителни дејства по повикот, како што се повторно бирање, пријавување на повикот, испраќање порака или внесување на бројот во меморијата на мобилниот уред.

Процесот на активирање можете да го најдете ТУКА.

Постојните корисници (со Viber 19.3.0 или понова верзија) можат да вклучат Caller ID преку делот „Повици и пораки“ во менито „Поставки“ на екранот „Повеќе“.

Функцијата моментално е достапна за корисниците на уреди со Android во ограничен број земји - имено Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија - додека повеќе земји ќе бидат додадени на таа листа во текот на следните месеци.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе