Викендов го поместуваме часовникот: Која група на луѓе е најчувствителна на промената?

Годинава летното сметање на времето ќе трае од 31 март до 27 октомври. Тоа значи дека ноќта помеѓу 30 и 31 март стрелките на часовникот ќе ги поместиме од 2 часот наутро на 3 часот по полноќ.

Промената на времето може да ги „исфрли“ часовниците на нашето тело од синхронизација, а точно како менувањето на часовникот влијае на луѓето, објаснува д-р Тања Митровиќ за B92.net.

„Во моментот кога ќе се префрлиме на летно сметање на времето, нашиот воспоставен ритам почнува да се нарушува, бидејќи спиеме еден час помалку, додека есенското менување на часовникот ни нуди компензација, поточно, го додава тој изгубен час. Промената најмногу ја чувствуваме во трите дена откако ќе се помести часовникот. А што всушност ни се случува? Имаме послаба концентрација, ни се намалува ефикасноста на работа, се чувствуваме уморни и поспани. Сепак, овие промени што ги чувствуваме не се толку радикални. Од друга страна, нашето тело страда“, рече д-р Митровиќ.

Како што наведува д-р Митровиќ, најчувствителни во овој случај се хроничните пациенти.

„Метеопатите и хронично болните пациенти особено можат да ја почувствуваат непријатноста. А времето генерално ќе влијае на психата и расположението на луѓето. Поголем број на срцеви удари се забележани во лето отколку во зима“, вели таа.

Докторката нагласува и дека има влошување на состојбата на заболените од астма, па затоа и бројот на хоспитализирани е поголем.

„Лицата на кои им е тешко да ја поднесат промената на времето можат да се подготват така што секој ден ќе стануваат десет минути порано, а хронично болните може во овие денови да почнат да ја земаат редовната терапија 10 до 20 минути порано.

Д-р Митровиќ нагласува дека промената на времето може и позитивно да влијае на луѓето.

„Бројот на сончеви денови е поголем и престојот надвор е почест и подолг, а токму на овој начин се поттикнува синтезата на витаминот Д, кој поволно влијае на севкупната состојба на организмот“, заклучува д-р Митровиќ во интервју за B92.net.

реклама

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе