Браќата повторно заедно

Вилијам и Хари поставија споменик во чест на принцезата Дијана

По повод 60 години од раѓањето на принцезата Дијана, нејзините синови Вилијам и Хари зaeднo ја открија статуата во нејзина чест и изјавија дека секој ден мислат на мајка им која го сменила светот на подобро.

Свеченоста на откривањето на споменикот се одржа во реновираната градина на палатата Кенсингтон, каде Дијана живееше по разводот од Чарлс.

Принцовите, кои инаку не се во добри односи откако Хари со сопругата Меган Маркл и синот Арчи ги напушти кралските должности и се пресели во САД, на овој емотивен ден ги тргнаа настрана недоразбирањата и во добро расположение заедно го открија споменикот во чест на нивната покојна мајка.

Настанот го означи првото заедничко појавување на браќата по погребот на нивниот дедо – принцот Филип, што се одржа на 17 април годинава. Градината на Кенсингтон беше едно од омилените места на принцезата Дијана.

„Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер. Овие квалитети ја направија извор на добрина за целиот свет. Таа успеа да промени многу животи на подобро“, се вели во изјавата.

Бронзената статуа ја прикажува Дијана опкружена со деца во едноставно издание кое ја симболизира универзалноста на нејзиното наследство.

Хари и Вилијам се надеваат дека статуата „засекогаш ќе остане симбол на нејзиниот живот“. Мал број гости присуствуваа на свеченоста, а меѓу нив беше и братот на Дијана, Чарлс Спенсер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by OK! Magazine (@okmagazine)

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе