450.000 долари по човек

Virgin Galactic почна со продажба на билети за патување во вселената

Компанијата за вселенски туризам, Virgin Galactic, од денес почна со продажба на билети за патување во вселената.

Билетите се достапни јавно така што оние кои можат да си дозволат имаат шанса за лет со вселенски авион. Еден билет чини 450.000 долари, но првин треба да се уплати депозит од 150.000 долари.

Останатите 300.000 долари се уплатуваат пред летот. Апликацијата за купување билети е достапна преку официјалната страница на Virgin Galactic.

Засега не е познато кога ќе биде првиот лет за вселенски туристи. Ричард Бренсон, основачот на Virgin Galactic, леташе во вселената во јули, минатата година и тоа беше голем чекор кон комерцијалните летови.

Планиран е нов лет наречен Unity 23 наменет за тричлен екипаж од италијанските воздухопловни сили, но во септември сето тоа беше запрено поради дефект на вселенскиот авион. Беше соопштено дека со летови ќе се продолжи во 2022 година.

Првично, Virgin Galactic со продажба на билети почна пред скоро 10 години, а резервираа околу 600 луѓе. Се продаваа и во август минатата година за 450.000 долари кога беа продадени вкупно 100 билети.

Компанијата постави цел од 1.000 продадени билети пред првите комерцијални летови годинава.

Вселенскиот брод VSS Unity е претставен во 2016 година, а со него Бренсон леташе во вселената. Во 2021 година беше претставен новиот  VSS Imagine. Во подготовка е и трет авион, VSS Inspire.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе