Вкупно 12 години затвор за обвинетите во повторената постапка за Титаник 2

Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Судијата Огнен Ставрев, во името на граѓаните на Република Северна Македонија, обвинетите ги прогласи за виновни, порачувајќи дека Судот е на мислење дека „никогаш и никаде не смее и не може неправото да биде над правото и правниот систем и никој поединец или група не смее да биде над правото, законите и Уставот на државата, во спротивно би се работело за т.н. заробена држава“.

– Суштината е дека обвинетите направиле директна повреда на изборниот процес, злоупотребувајќи ја демократијата и волјата на граѓаните во интерес на своите партиски интереси, со директна и умислена повреда на правните норми од Изборниот законик, изјави Ставрев.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од 2 години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од 2 години.

На поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по 2 години.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и 8 месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.

реклама

Македонија

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Read more

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе