Владата денеска ќе одлучува за набавка на руските вакцини

Владата го добила драфт договорот за набавка на најавените 100.000 вакцини од Русија, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба истиот да го усвои, изјави министерот за здравство Венко Филипче запрашан за процесот на набавка на вакцини  кој се одвива преку повеќе механизми.

-Сè уште траат преговорите со Pfizer во однос на некои технички детали, за што секојдневно се слушаме со претставничката на претставништвото на Pfizer во Белград и го очекуваме драфтот на договорот. Во делот на кинеските вакцини постои интензивна комуникација и уште една размена на писма и преку МНР, така што очекувам дека за кратко време ќе го добиеме и дефинитивниот датум во кој што ќе стигнат и оваа количина на вакцини. По потпишувањето на анекси со AstraZeneca на барање на компанијата преку КОВАКС механизмот најавите се дека 20-30.000 вакцини треба да пристигнат до почетокот на март. И во делот на руските вакцини, како што најави премиерот Заев ќе набавиме количина од 100.000 вакцини, за што веќе го добивме драфт договорот, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба да го усвои, рече Филипче на новинарско прашање по приемот на вториот дел од донацијата од Србија од 8.000 вакцини на Pfizer од српскиот колега Златибор Лончар на Табановце.

Согласно најавата од страна на компанијата Pfizer, Филипче потврди дека првата пратка требаше да стигне во фервуари, но дека укажувањето сега од последните разговори е дека доцнењето е заради тоа што вкупното производство на компанијата е намалено со цел да ги надгради капацитетите за во текот на 2021 година. Тоа намалување на производствените капацитети сега на почетокот на годината значи дека во некои земји споро одат овие процеси на договорите, а во другите земји, како на пример земјите членки на ЕУ каде што имаа склучено договори се достави количина многу помала од таа претходно и иницијално планирана. Нагласи дека е можно по укажувања на компанијата првата пратка да пристигне на почетокот на месец март. 

– Еве и ние сè уште го чекаме драфтот на договорот. Притоа, веројатно дека ќе стане збор за поголема количина од таа иницијална најавувана за месец февруари со оглед на тоа што веќе и тогаш за месец март беше најавувано поголема количина, рече Филипче. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе