Владата го прошири четвртиот пакет мерки за 8 милиони евра

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од COVID-19 кризата.

Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.

На веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk со внесување на Вашиот матичен број можете да проверите дали сте опфатени во најновиот пакет мерки на Владата.

Со овој најнов КОВИД пакет се опфатени:

Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари);

40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение;

Приватните установи за деца - детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;

Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;

Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари);

Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;

Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари;

Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;

Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари;

Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии;

Со овој дополнителен пакет за поддршка за справување со последиците од COVID-19, финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона ризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;

Финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на 2 плати на 598 вработени во АД Водостопанство;

Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;

Финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари; како и

Финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе