Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат

По примерот на западните земји, каде со сертификатот за вакцина младите добиваат попусти, гратис храна, пијалак и други награди, и Владата планира стимулативни мерки за привлекување на оваа група граѓани да се вакцинираат.

Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата.

Мерките на Владата, како што се наведува, се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните.

– Процесот на вакцинација е клучен за да се спречат тешки симптоми кај заболените, а со тоа да се спречи и преоптоварување на здравствениот систем, односно да не се доведеме во ситуација во која некој граѓанин не би бил на време и соодветно третиран, стои во програмата.

Иницијативите за вакцинирање во западните земји се движеа од гратис производи кај одредени компании, до милионски лотарии во одредени држави во САД.

Во Германија по вакцинирањето, како стимул младите добиваат гратис пиво и колбаси, во Нов Зеланд беше организиран фестивал за вакцинација со бендови во живо, додека пак во Романија вакцинираните млади добиваа бесплатен влез во замокот на Дракула

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе