Владата ќе одлучува за патувања во регионов без ПЦР тест

Владата денеска на седница треба да ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и да донесе одлука за патувања во земјите од регионот, Србија, Црна Гора и Косово, без ПЦР тестовите.

Како што информира Министерството за здравство, Комисијата предлог одлуката за отворање на границите со посочените земји без ПЦР тестирање, ја донесе вчера на седница, врз основа на анализа според која, во моментов нема индикација, односно нема висок број на увезени случаи во земјава со COVID-19 од овие неколку држави. Согласно со тоа, Комисијата, се посочува, констатирала дека нема ризик и  е безбедно отворањето на границите. Воедно, се укажува дека во Европската Унија, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.

Аргументите на Комисијата денеска пред Владата на нејзината редовна седница ќе ги пренесе министерот Венко Филипче по што Владата ќе донесе одлука, но премиерот Зоран Заев, очекува тоа да се однесува само за најнеопходни патувања.

– Не сакаме да бидеме изолирани од регионот, ако регионот е отворен, тогаш треба да бидеме и ние. Мала земја сме, поврзани сме со регионот за здравствени искуства и во делот на економијата. Поприлично сме позитивни кога стручните луѓе од Комисијата даваат сугестии, но секако тие ќе бидат патување – да, без ПЦР, но само кога е најнеопходно, изјави вчера Заев по настанот со кој беше одбележан Светскиот ден на наставниците.

Посочи дека се работи за регионална иницијатива, а регионот, како што рече, е мал со приближно исти бројки на заразени.

– Подоминантно е целиот фокус на секоја од земјите да биде на личната заштита отколку на колективното поврзување. Сите сме исплашени од бројките кои растат и сакаме да ги почитуваме стручните луѓе од здравството. Албанија, Косово и Црна Гора се веќе отворени, чекаме одговор од Србија, Бугарија, додаде Заев.

Македонските граѓани во моментов од земјите во регионот можат да патуваат без ПЦР тест само во Албанија и Турција. Деновиве Грција ја продолжи одлуката до 12 октомври за копнените граници и за забраната за влез на државјани од трети земји.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе