Владата воведе задолжителни здравствени прегледи и мобилен мамографски скриниг во борбата со ракот на дојка

Владата одржа тематска седница посветена на борба со ракот на дојка, како дел од одбележувањето на октомври на светско ниво, како месец посветен на борбата со ракот на дојката. Донесените заклучоци се однесуваат на воведување задолжителни здравствени прегледи, како и обезбедување мобилен мамографски скрининг, соопшти владината прес-служба.

Заклучено е да се задолжи Министерството за финансии да предвиди средства во Буџетот за 2023 година, за унапредување на превентивата во ова област, а утврдувањето на конкретната намена на средствата, да биде направено во соработка со Министерството за здравство.

Исто така, задолжено е Министерството за труд и социјална политика, при измените во Законот за безбедност и здравје при работа и во подзаконските акти на законот, да предвиди задолжителен здравствен преглед во рамки на систематските прегледи, со цел внесување на превентивата во оваа област, како законска обврска.

На владината седница присуствуваа претставнички од невладиното Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените услуги и застапување на пациентите (ЕЗРА), кои посочија дека 90% од сите карциноми на дојка може да бидат излекувани, односно дека навремената дијагностика и соодветниот третман во најголем дел спасуваат животи. Во таа насока е нагласено значењето на отвореноста на Владата, преку конкретни чекори и политики да придонесе во подобрувањето на состојбите, информираа од владината прес-служба.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Македонија

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Read more

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Read more
 

Вести

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе